Утрински Весник
Македонија

835 пациенти се лекуваат на инфективните одделенија во земјава

Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани нови 25 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 835 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Според извештајот на министерството за здравство во болницата во Битола се хоспитализирани 86 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 71 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на Ковид- 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 94 пациенти, во Прилеп 120, во ковид центарот во Гостивар 38, а во Струга 12 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациенти, во Кочани 17 во Кичево 17, Кавадарци 73, а во Гевгелија 25 лица, позитивни и суспектни на Ковид-19.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1427 и има околу 270 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти министерството за здравство.

Од таму додаваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, потенцираат од МЗ.

Можете да прочитате

128 санкционирани возачи вчера во акциска контрола во Скопје, 102 за брзо возење

Царинска управа: пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камерите

ЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?