Утрински Весник
Свет

Меркел свика итен состанок поради новите епидемиолошки мерки

Меркел свика итен состанок поради новите епидемиолошки мерки

Германската канцеларка Ангела Меркел свика итен состанок поради новите епидемиолошки мерки, пренесе агенцијата АФП.

И покрај состанокот меѓу гувернерите на германските покраини и канцеларката Ангела Меркел, кој беше прекинат во понеделникот, германската канцеларка во вторникот наутро објави и на сите им рече дека мерките се заоструваат.

Според нејзината одлука, Германија ги продолжува ограничувањата за уште еден месец и воведува некои построги мерки во текот на петте дена од велигденските празници во обид да се запре ширењето на коронавирусот.

Во изјавата по маратонскиот видеоразговор со 16 гувернери на германските држави, таа рече дека ограничувањата што беа воведени до 28 март ќе останат на сила до 18 април.

За денес е свикан итен состанок со канцеларката, потврди шефот на нејзината партија за АФП.

Можете да прочитате

Иран објави дека во антивладините протести се убиени вкупно 3.117 лица

Најмалку 10 убиени и 50 ранети во израелкси напад во источен Либан

Американската војска нападна брод во источниот Пацифик, тројца загинати