Вакцини против коронавирус, ковид-пасоши и лажни негативни тестови се продаваат на дарквеб, пишува „Би-би-си“.
Цената за доза вакцина на „Астразенека“, „спутник В“, „Синофарм“ и „Џонсон и Џонсон“ се движи од 500 до 750 долари, додека лажните сертификати за вакцинација се продаваат за 150 долари.
Истражувачите кои следат хакерски форуми и други продажни места од јануари, кога се појавија вакцините, велат дека е забележано големо зголемување на бројот на реклами поврзани со вакцините.
Тие тврдат дека бројот на реклами е тројно зголемен и дека сега има повеќе од 1.200.
Продавачи на вакцини има во САД, Шпанија, Германија, Франција и Русија, а истражувачите откриле дека огласите биле објавени на руски и англиски јазик.
Еден продавач ветува испорака за само еден ден, а некои за два купени негативни теста даваат еден тест гратис.
Дарквеб, односно темната мрежа, е дел од интернетот кој е достапен само преку одредени алатки на прелистувачот.