Утрински Весник
Свет

Леџери: По коронавирусот ќе има раст на мигрантскиот бран

Леџери: По коронавирусот ќе има раст на мигрантскиот бран

Шефот на агенцијата за заштита на надворешните граници на ЕУ „Фронтекс“, Фабрис Леџери, очекува дека, по пандемијата на коронавирусот, ќе има значително зголемување на бранот на мигранти во правец кон Европа.

„Убеден сум дека по короната, поголем број бегалци ќе се обидат повторно да дојдат во Европа“, изјави Фабрис Леџери за германските медиуми.

Сегашниот, помал број мигранти на надворешната граница на ЕУ, тој го објаснува со мерките против коронавирусот.

„Минатото лето, кога мерките за патување беа олеснети, се соочивме со поголем број мигранти кои се упатија кон Европа“, рече тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Расмусен: Данска е подготвена да стори повеќе, а САД веќе имаат широк воен пристап до Гренланд

Француската влада преживеа гласања за недоверба

Трамп побара од Данска да се повлече од Гренланд