Женската ракометна репрезентација на Македонија, наредниот месец, преку Романија, ќе се обиде да избори пласман на Светското првенство. Македонските ракометарки место во баражот изборија вкендов по победите над Исланд, Литванија и Косово, на турнирот што се одржа во Скопје.
Ждрепката за баражот за пласман на СП се одржа попладнево. Македонија немаше среќа со противникот што и го „додели“ ждрепката. Романија е една од најсилните европски репрезентации иако не се прослави на псоледното Европско првенство. Лидер на оваа репрезентација е една од нјдобрите светски ракометарки, Кристина Неагу.
Македонија првиот меч ќе го одигра во гости на 16. или 17.април, а четири дена подоцна ќе се одигра реваншот во Скопје.
Двојки за баражот за пласман на СП:
Романија – Македонија
Русија – Турција
Чешка – Швајцарија
Словенија – Исланд
Словачка – Србија
Украина – Шведска
Австрија – Полска
Унгарија – Италија
Португалија – Германија
Црна Гора – Белорусија
> Ракометарките против Романија во баражот за пласман на СП <