Утрински Весник
Свет

Министри на ЕУ: Потребна е поголема поддршка од ЕУ за процесот на проширување на Западен Балкан

Министри на ЕУ: Потребна е поголема поддршка од ЕУ за процесот на проширување на Западен Балкан

На министерската сесија во Брисел, министрите за надворешни работи на Романија и Хрватска истакнаа дека е неопходна посеопфатна дискусија и поддршка на Европската Унија за процесот на проширување на Западен Балкан, а на сесијата и беше предадена иницијатива на шест членки на ЕУ за поддршка на реформите во Босна и Херцеговина.

Министрите на ЕУ го разгледуваат извештајот на високиот претставник Жосеп Борел за последните потези на Унијата во соработка со партнерите од Западен Балкан и дијалогот Белград-Приштина во светлината на неодамнешната посета на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак на Приштина и Белград.

Министрите за надворешни работи на Хрватска и Романија, Гордан Грлиќ-Радман и Богдан Ауреску, побараа на следната сесија на министрите за надворешни работи на ЕУ сеопфатна, стратешка дебата за Западен Балкан.

„Ние мора да го зајакнеме ангажманот на ЕУ со земјите од Западен Балкан, да ја потврдиме нашата заложба за проширување на Унијата и на нашите земји од регионот им треба нашата поддршка во тоа“, рече Ауреску.

Хрватскиот министер Грлиќ-Радман рече дека на областа на Западен Балкан, која е во непосредна близина, треба да и се посвети поголемо внимание.

„Мораме“, истакна Грлиќ-Радман, да и помогнеме на Босна и Херцеговина да постигне политичка стабилност и функционалност на нејзините институции, што е од клучно значење за нејзиниот европски пат“.

Во писмото до високиот претставник на 5 март, министрите за надворешни работи на Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Ирска, Романија, Словачка и Словенија повикаа на стратешка дебата за Западен Балкан во април затоа што според нив „таму имаше динамичен внатрешен политички развој во земјите од регионот “.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија ги брише талибанците од листата на терористи

Најмалку осум британски војници се повредени во верижна сообраќајка во Естонија

Трамп најави дека на 20 јануари ќе воведе царини за производи од Кина, Канада и Мексико