Повеќе од 20 полски здравствени работници ќе патуваат во Брисел в четврток, каде што околу 3.500 вработени во седиштето на НАТО ќе бидат вакцинирани со вакцината на „Астразенека“ од полските резерви.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки објави дека НАТО испратил покана до Полска да ги вакцинира неговите вработени, објави бриселскиот портал ЕУРАКТИВ.
Моравјецки на „Фејсбук“ напиша дека тоа е официјална покана за полските медицински тимови да извршат вакцинација и дека со тоа ќе се обезбеди функционирање и оперативен континуитет на командата на НАТО.
„Ова е важна мисија, бидејќи НАТО е организација што гарантира безбедност за околу милијарда луѓе во светот, и секако дека ќе го сториме тоа. Нашиот тим за итна медицинска помош ќе се погрижи клучните носители на одлуки и персоналот во седиштето на алијансата брзо да стекнат отпорност на вирусот“, напиша полскиот премиер.
Вчера генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, искажа благодарност на Полска.
I am grateful to #Poland & PM @MorawieckiM for readiness to support #COVID-19 vaccination at NATO HQ. Solidarity and resilience are at the heart of #NATO. Poland is a strong Ally who has provided support to many other Allies and partners in our joint fight against the pandemic. pic.twitter.com/GxIC92r66E
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) March 21, 2021
„Благодарен сум на Полска и премиерот Моравјецки за нивната подготвеност да ја поддржат вакцинацијата против Ковид-19 во седиштето на НАТО. Солидарноста и флексибилноста се суштината на НАТО. Полска е силен сојузник, кој им даде поддршка на многу други сојузници и партнери во заедничкото борба против пандемијата”, напиша Столтенберг на „Твитер“.