Утрински Весник
Свет

Поради вакцинацијата Франција може да се врати во нормала до лето

Поради вакцинацијата Франција може да се врати во нормала до лето

Шефот на француската кампања за вакцинација Ален Фишер рече дека верува оти земјата ќе се врати во нормала до летото или есента поради забрзување со вакцинацијата.

Фишер изјави дека војската ќе биде вклучена во кампањата и дека Франција ќе може да ги исполни своите цели за вакцинација и покрај тешкотиите со вакцината од „Астразенека“.

„Tоа ќе потрае некое време за животот да се врати во нормала“, рече Фишер.

Француското Министерство за здравство објави дека првата доза на вакцината ја примиле 6.191.666 лица, или 9,2 проценти од вкупниот број и 11,8 возрасни лица, пренесува Ројтерс.

Скоро една третина од Французите се наоѓаат во ново, едномесечно општо затворање од саботата.

Основачот на германската компанија „Бионтек“, деновиве исто така рече, дека вирусот ќе биде присутен до крајот на летото .

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шеф на американскиот антитерористички центар поднесе оставка: Не ја поддржува војната со Иран

Убиен Али Лариџани, еден од најмоќните луѓе во Иран

Новата апликација на ЕУ треба да го намали застојот на аеродромите