Утрински Весник
Свет

Шведски компании заинтересирани за производство на руската вакцина „спутник В“

Шведски компании заинтересирани за производство на руската вакцина „спутник В“

Неколку шведски компании изразија подготвеност да ја произведуваат руската вакцина против Ковид-19 „спутник В“, откако шведската влада испрати барање до Агенцијата за иновации „Винова“ да ја разгледа можноста за воспоставување на своето производство во Шведска, пренесуваат руските медиуми.

„ Постоечките производствени капацитети не се наменети за такво производство. Сепак, секако имаме можност да произведеме вакцина. Не мора да се работи за изградба на голема фабрика, туку само за обид да се развијат такви можности со капацитетот што веќе го имаме”, објасни Шефот на агенцијата „Винова“, Ларс Хамарстрем.

Претходно, координаторот на кампањата за вакцинација, Рикард Бергстром, објави можност за производство на руска вакцина во Шведска и преговори меѓу руската и шведската страна. Сепак, сè уште не е познато кои шведски компании преговараат со Руската Федерација.

Според професорот и експерт за вакцини на Институтот Каролинска, Али Миразими, денес се бараат сите достапни вакцини.

„ Потребни ни се сите вакцини што можат да се набават. Со фабриките што го произведуваат „спутник В“ во Европа, процесот ќе оди подобро и побрзо, бидејќи ќе биде полесен и посигурен во однос на квалитетот”, рече Миразими. Тој додаде дека инспекторите ќе можат да ги посетат производствените капацитети и ќе се забрза процесот на одобрување на вакцините.

Европската агенција за лекови на 4 март објави почеток на последователно испитување на „Спутник В“. Регулаторот на ЕУ соопшти дека за време на ревизијата, експертите ќе ја проценат усогласеноста на вакцината со стандардите на ЕУ во областа на ефикасноста, безбедноста и квалитетот.

Според руските податоци, „спутник В“ досега е регистриран во 50 земји со вкупно население од над 1,3 милијарди луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина