Утрински Весник
Свет

Поранешен советник на Трамп: Однесувањето на Бајден е закана за безбедноста на САД

Поранешен советник на Трамп: Однесувањето на Бајден е закана за безбедноста на САД

Поранешниот советник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп – Стивен Милер, изјави дека однесувањето на сегашниот американски лидер Џо Бајден е закана за безбедноста на земјата.

„Нашите противници се насекаде низ светот, нè гледаат нас и нашиот главен претставник, нашиот претседател кој не е во состојба да се справи со обично интервју без пушка со него – и кој падна трипати качувајќи се по скалите. Тажно е да се види такво нешто“, изјави тој за „Фокс њуз“.

Милер ги именуваше Русија, Кина, Иран и Венецуела за главни противници на САД на светската сцена.

Говорејќи за падот на Бајден, Милер рече дека многу пати се искачил на тие скалила до претседателскиот авион и дека тие никогаш не биле лизгави.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори

Израелски доселеници запалија две џамии на Западниот Брег, двајца Палестинци загинаа во Газа