Утрински Весник
Свет

Лавров за ковид-пасошите: Во процесот мора да се избегне кршење на човековите права

Лавров за ковид-пасошите: Во процесот мора да се избегне кршење на човековите права

Воведувањето на ковид-пасоши за меѓународни патувања мора да биде добро осмислена одлука, бидејќи во спротивно тоа може да резултира со нови поделби и кршење на човековите права, оцени рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Мора да спречиме кршење на човековите права и правата на патниците во случај да немаат таков сертификат, што не сакам да го наречам пасош“, рече Лавров во интервју за кинески медиуми.

Тој потсети дека Светската здравствена организација (СЗО) сè уште не дала конечно мислење во врска со ваквите пасоши и дека сè уште има умерено воздржан пристап, пренесува агенцијата „Тас“.

Тој посочи дека, кога станува збор за сертификатите за патување, важно е дополнително да се разгледаат сите иницијативи, земајќи го предвид принципот на доброволна вакцинација, со цел да се овозможи ваквите документи да бидат прифатливи во која било земја.

„Во спротивно, ќе се повлечат нови линии на поделба“, предупреди Лавров.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп