Зоран Заев е реизбран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на првите внатрепартиски избори.
„За“ Заев гласале 59.240 илјади членови на СДСМ, 865 гласале „против“, а 277 ливчиња се неважечки, беше истакнато на прес-конференција на Централната Изборна Комисија. Резултатите се добиени од пребројување на гласовите во 227 избирачки места, од вкупно 237.
Од комисијата оценија дека изборниот процес поминал регуларно, без пречки и согласно статутарните одредби.
За 21.45 најавена е и прес-конференција на Заев.
Членовите на СДСМ гласаа „за“ или „против“ Заев кој беше единствениот кандидат за партиски лидер. Од СДСМ претходно истакнаа на јавниот повик за поднесување кандидатури за претседател, немало други пријавени. За гласање на овие избори беа пријавени 68.999 членови. Изборите ги спроведува Централна изборна комисија во 80 општински ораганизации и 237 Избирачки одбори.