Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот по влажни коловози со остатоци од кашест снег

Сообраќајот по влажни коловози со остатоци од кашест снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на планинските премини.

На целата територија на државата врне снег со променлив интензитет.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Родителите во паника, пожарникарите влегле преку тераса во Струмица, девојчето го нашле во длабок сон

Година и половина од трагедијата во „Пулс“ – родителите стравуваат од пуштање на сопственикот од притвор

Средба Мицкоски-Селф во Вашингтон: Разговори за зајакнување на партнерството со САД