Утрински Весник
Спорт

Вардар ја прекина лошата низа – во Скопје „настрада“ Мотор

Вардар ја прекина лошата низа – во Скопје „настрада“ Мотор

Вардар стави крај на низата порази во европските натпреварувања, одмаздувајќи му се на Мотор Запорожје за високиот пораз на гости со 32:27 триумф во СЕХА-лигата.

За разлика од првиот меч во Украина, кога Вардар загуби со 30:23, „црвено-црните“ почнаа силно и имаа предност од пет гола на полувреме (18:13), не дозволувајќи изненадување од незгодниот тим. Ова е трета победа во пет кола во групата Б во регионалното натпреварување, и доаѓа откако пред два дена Вардар загуби кај Нексе (36:32).

Анте Гаџа беше најрасположен со осум голови, а по шест додадоа Гоце Георгиевски и Тимур Дибиров, додека кај гостите, Вјачеслав Бохан имаше шест гола.

Следен настап за Вардар во СЕХА лигата е гостувањето кај Војводина на 4 април, но прво доаѓа вистинскиот тест, дуелот со унгарскиот гигант Веспрем на 1 април во Скопје.

СЕХА ЛИГА, ГРУПА Б

Вардар – Мотор Запорожје 32:27 (18:13)

Табела: 1.Мотор 9, 2.Нексе 9, 3.Вардар 8, 4.Војводина 0.

Фото: СЕХА лига

> Вардар ја прекина лошата низа – во Скопје „настрада“ Мотор <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ

Ајкула, заробена во крајбрежен парк во Јужна Кореја, не сака да си замине, стана вистинска туристичка сензација