Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Францускиот премиер се вакцинираше со вакцината на „Астразенека“

Францускиот премиер се вакцинираше со вакцината на „Астразенека“
Img 7972

Францускиот премиер Жан Кастекс (55) денеска беше вакциниран со вакцината на „Астразенека“, со цел да се врати довербата на граѓаните во британско-шведската вакцина.

Според порталот „Франс 24“, Кастекс вакцината ја примил во воена болница недалеку од Париз во директен пренос, со цел да докаже дека вакцината е безбедна.

Голем број европски земји објавија дека повторно ќе продолжат со употреба на вакцината на „Астра зенека“ откако европското регулаторно тело за лекови објави дека таа е безбедна и ефикасна.

Бугарија, Португалија, Холандија, Летонија, Литванија, Кипар, Германија, Франција, Италија и Шпанија веќе најавија дека ќе продолжат со имунизирање со вакцината на „Астра зенека“.

Шведска соопшти дека следната недела ќе донесе одлука за привремениот прекин.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук