Утрински Весник
Магазин

Енди Гарсија ќе глуми и продуцира кубанско-американски римејк на „Татко на невестата“

Енди Гарсија ќе глуми и продуцира кубанско-американски римејк на „Татко на невестата“
Dik 300x250 mk

Енди Гарсија го стави својот потпис за да направи нова верзија на една семејна приказна, кубанско-американска преработка на „Татко на невестата“.

64-годишниот актер се пријави да глуми и да го продуцира извршниот проект, кој потекнува од „Ворнер Брос“, објави „Холивуд репортер“.

Гејб Алазраки  ќе биде режисер на филмот, а Деде Гарднер и Џереми Клајнер ќе бидат ко-продуценти преку продуцентската куќа на Бред Пит, „План Б“.

Гарсија ќе го портретира насловниот лик, татко кој се обидува да се помири со фактот дека неговата ќерка го врзува јазолот.

Франшизата „Таткото на невестата“ трае повеќе од 70 години, почнувајќи со сатиричниот роман од 1949 година, кој го напиша Едвард Стритер.

Спенсер Трејси го играше насловниот лик во филмската адаптација во 1950 година, во која глумеа и Елизабет Тејлор и Џоан Бенет.

Франшизата беше оживеана 40 години подоцна со римејкот во кој Стив Мартин беше татко на невестата. Филмот стана хит на боксофисот со заработка од 89 милиони долари во 1991 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ова е најомразениот знак во хороскопот – и тоа поради неколку особини

Два чаја кои e најдобро да се пијат наутро за детоксикација и полесно слабеење

Премногу витамини можат да убијат: Лекарите предупредуваат дека тие го оштетуваат срцето и црниот дроб