Утрински Весник
Свет

На воена вежба тенк по грешка пукал кон фарма за кокошки во Италија

За време на воена вежба во Италија, еден тенк по грешка пукал кон фарма за кокошки.

Според агенцијата „Анса“, во тој инцидент загинале голем број кокошки, а причинета е и поголема материјална штета.

Инцидентот се случил на воен полигон во близина на гратчето Виваро.

Војниците, кои погрешно пукале кон фармата, се припадници на тенковската бригада „Поцуоло дел Фриули“.

Тие биле екипаж на тенк од типот „Центауро“.

Дел од погодените кокошарници се целосно уништени, а обвинителството од покраината Порденоне започна истрага и нареди прекинување на вежбите со тенкови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СЗО соопшти дека сè уште чека од Русија информација за дијагнозата на починатата жена, за која има сомнежи дека била заразена со белодробна чума

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН

Крвав масакр во САД: Деветмина мртви, меѓу нив две мали деца и бремена жена