Утрински Весник
Свет

Шпанија ќе тестира четиридневна работна недела, со цел зголемување на продуктивноста и среќата на вработените

Шпанија ќе тестира четиридневна работна недела, со цел зголемување на продуктивноста и среќата на вработените

Шпанија стана првата земја во светот што тестира четиридневна работна недела на државно ниво. Владата се согласи да започне пилот-проект за тестирање на четиридневна работна недела со компании заинтересирани за таков систем на работа.

Иако точните детали допрва ќе се дискутираат во Владата, предложениот проект ќе трае три години и ќе вреди околу 50 милиони евра, што ќе им овозможи на компаниите да го тестираат овој пристап со минимален ризик.

На пример, трошоците на компаниите кои сакаат да учествуваат во проектот може да бидат покриени 100 проценти од првата година, 50 проценти од втората година и 33 проценти од третата година, за полесно прилагодување на четиридневната работа недела.

Идејата се соочи со противење во некои области, а еден од лидерите на најголемите деловни здруженија во земјата ја опиша како „лудост“ во време на најголемата рецесија во земјата од граѓанската војна.

Од Нов Зеланд до Германија, идејата за четиридневна работна недела станува сè поверојатна.

Застапниците на идејата велат дека тоа може да помогне во зголемување на продуктивноста, подобрување на менталното здравје на работниците и борба против климатските промени, а предлогот сега доби ново значење бидејќи пандемијата покренува прашања за благосостојба и рамнотежа меѓу работата и животот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата