Утрински Весник
Економија

Договорен откупот на вишокот тутун

Договорен откупот на вишокот тутун

Владата ја усвои информацијата за состојбите за откуп на тутун од реколта 2020 година и донесе заклучок да му се укаже на Тутунскиот комбинат Прилеп да ги преземе сите активности да се откупат дополнителни 700 тони тутун од вишокот од последната реколта.

Како доминантен сопственик на Тутунски комбинат Прилеп, Владата преку својот претставник во ова акционерско друштво ќе иницира постапка за реализација на овој заклучок на собранието на акционери на Тутунски Комбинат Прилеп.

Во врска со овие заклучоци Владата ги задолжи заменик-претседателот на Владата за економски прашања,  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и министерот за финансии во рок од 15 дена од Ковид програмата да обезбедат привремена финансиска поддршка за откуп на тутун со рок на враќање 10 декември 2021 година.

На седницата Владата ја усвои и информацијата дека неколку откупни претпријатија изразија подготвеност да откупат уште околу 600 тони од вишокот тутун од реколтата 2020, како и информацијата дека Тутунскиот комбинат – Прилеп ја презема реализацијата на 785 договори од Далија табак – Делчево за откуп на тутун од производителите, бидејќи оваа компанија не ги обезбеди потребните средства за откуп на 455 тони предвидени со овие договори.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст