Утрински Весник
Политички Партии

Николов: На лекарите им е забрането да користат одмори или отсуства, а владини функционери уживаат во Мексико и Дубаи

Николов: На лекарите им е забрането да користат одмори или отсуства, а владини функционери уживаат во Мексико и Дубаи

 

Откако донесоа одлука здравствените работници да не смеат да користат годишен одмор, платени и неплатени отсуства, владини функционери заминаа на одмор и тоа не на понормални дестинации, туку во Мексико и Дубаи, обвинува Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

Службен весник. Одлука. (чл.13 точка 4) се забранува користење годишни одмори, платени и неплатени отсуства за сите…

Posted by Igor Gila Nikolov on Четврток, 18 март 2021

„Медицинскиот персонал не е одморен и не е отиден на одмор од почетокот на пандемијата, за тие господа да можат да уживаат и да се прават дека помагаат во пандемијава“, вели Николов, кој цитира и член од Службениот весник: „(чл.13 точка 4) се забранува користење  годишни одмори, платени и неплатени отсуства за сите вработени во здравствениот сектор“.

Претставникот на опозициската партија воедно побара функционерите, како што вели, да покажат малку срам и солидарност и да си поднесат оставки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт