Утрински Весник
Магазин

Бритни Спирс во нов обид да ја отстрани контролата на татко ѝ врз нејзиниот живот

Бритни Спирс во нов обид да ја отстрани контролата на татко ѝ врз нејзиниот живот

Адвокатите на Бритни Спирс повторно ќе побараат од судот во Лос Анџелес следниот месец да се официјализира замената на нејзиниот татко како старател  во долготрајната битка за укинување на контролата над нејзините лични и финансиски работи.

Адвокатот Семјуел Ингам на судското рочиште во средата рече дека ќе побара Џоди Монтгомери, која во 2019 година беше назначена за привремен старател на личните работи на пејачката, да стане трајна. Ингам рече дека ќе ја презентира петицијата на рочиште на 27 април.

Бритни Спирс, која сега има 39 години, преку својот адвокат во изминатата година јасно стави до знаење дека повеќе не сака татко ѝ да биде инволвиран во нејзиниот приватен живот.

Таткото на Бритни Спирс неодамна го загуби правото делумно да управува со нејзиниот имот. Џејми Спирс ги контролираше финансиите и личните работи на својата ќерка откако таа беше примена во психијатриска клиника во 2008 година, како дел од спорниот правен договор.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста