Утрински Весник
Свет

Башар ал-Асад и неговата сопруга се опоравуваат од Ковид-19

Башар ал-Асад и неговата сопруга се опоравуваат од Ковид-19

Сирискиот претседател Башар ал-Асад и неговата сопруга Асма се опоравуваат од Kовид-19 и наскоро ќе продолжат да ги извршуваат своите должности, по завршувањето на периодот на домашна изолација, соопшти денеска кабинетот на претседателот.

Канцеларијата на 8 март информира дека Асад (55) и неговата 45-годишна сопруга, која се опоравила од карцином на дојка во 2019 година, се позитивни на тест за Ковид-19 и работат од дома затоа што имале лесни симптоми.

Лабороториските тестови и рендгенските снимки покажуваат дека нивната здравствена состојба постепено се враќа во нормала, објави канцеларијата.

„Сирија бележи голем пораст на инфекции од средината на февруари“, изјавил член на владиниот одбор за вирусот, за британската новинска агенција, на почетокот на март кога земјата започна со вакцинација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Крвав масакр во САД: Деветмина мртви, меѓу нив две мали деца и бремена жена

Медведев по апсењето во Црна Гора: Можеме да го прошириме списокот на уапсени Европејци

Силен ураган му се заканува на Мексико