Утрински Весник
Македонија

Лајка: Бесплатни стерилизации и тестови за сите бездомни кучиња во Скопје

Град Скопје: Во „Лајка“ хумано ќе се решава проблемот со кучињата скитници

Стерилизациите и тестирањата на сите бездомни кучиња на територијата на град Скопје се бесплатни, соопшти ЈП Лајка.

„По многубројните пораки и прашања од хумани граѓани сакаме да информираме дека за услугите ЈП Лајка не неплаќа дополнително, напротив вдомувањата се бесплатни и граѓаните не плаќаат никаков надоместок за тоа. Пријавувајќи бездомни кучиња за стерилизација како хумани и совесни граѓани придонесувате во намалување на популацијата на бездомни кучиња на територија на град Скопје“, велат од Лајка.

Додаваат дека ветеринарните интервенции како стерилизација/кастрација кои се спроведуваат во Ветеринарната служба на прифатилиштето на ЈП Лајка се извршуваат во современо опремена сала за оперативни зафати од тој тип со соодветни техничко хигиенски услови и стручен кадар со цел обезбедување целосна заштита од инфекции на кучињата при изведба на овие ветеринарни практики и хуман третман на бездомните кучиња.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Видео) Мечкa претура по контејнери во општина Марвово и Ростуше

Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава