Утрински Весник
Македонија

Професори од средното уметничко реагираат дека директорот самоволно забранува настава со физичко присуство

Професори од средното уметничко реагираат дека директорот самоволно забранува настава со физичко присуство

ВД директорот на средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ – Скопје доставил одлука за прекин на наставата со физичко присуство, на што реагираат професорите кои велат дека одлуката директорот ја донел самоволно, бидејќи училиштето има дозвола за работа.

Во документот се соопштува дека наставата со физичко присуство се прекунува од 15 март до 2 април. Наведено е дека ваквата одлука се должи на зголемениот број на заразени наставници и ученици во училиштето.

Групата професори негодува посочувајќи дека училиштето има добиено дозвола за работа од страна на Комисијата за заразни болести, исто како и музичкото училиште.

„Сметаме дека ВД директорот Филип фидановски неоправдано и притивзаконски на своја рака донесе таква одлука“, велат дел од професорите во училиштето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева