Утрински Весник
Магазин

Аријана Гранде го реши спорот за наводен плагијат

Аријана Гранде го реши спорот за наводен плагијат

Аријана Гранде го реши судскиот спор со хип-хоп пејач кој ја обвини поп-ѕвездата дека го плагирала мега-хитот 7 Rings од песна што тој ја напишал две години порано.

Џош Стоун ја откри спогодбата со Гранде и 13 други оптужени, вклучувајќи ги и нејзините издавачи и неколку текстописци, при поднесување на барање во федералниот суд во Менхетен во вторникот.

Условите не беа обелоденети, а судијата нареди да се отфрли тужбата на Стоун поради спогодбата.

Стоун тврдеше дека „високо ценети музички експерти“ заклучиле дека ритмот, стиховите и ритмичката структура на 7 Rings биле копирани од неговата песна You Need It, I Got It.

Скандалот изби на помалку од две недели пред доделувањето на Греми- наградите, каде Аријана беше голем фаворит за освојување на неколку награди.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година

Колку кафе можете да пиете без ризик за вашето срце

Јапонките против новата владина одлука за носење кратки пантолони во канцелариите