Утрински Весник
Магазин

Разговорот меѓу браќата Хари и Вилијам не бил продуктивен

Разговорот меѓу браќата Хари и Вилијам не бил продуктивен

Принцот Хари разговараше со неговиот постар брат Вилијам за првпат откако тој и неговата сопруга Меган беа кај Опра Винфри, но разговорот не бил „продуктивен“, изјави пријател на парот во вторникот (16 март).

Во текот на интервјуто кое американската телевизиска мрежа „Си-би-ес“ го емитуваше на 7 март, Меган рече дека еден член на кралското семејство ја прашал колку би можела да му биде темна кожата на нивниот син Арчи кога се родил, додека Хари рече дека неговиот татко престолонаследник, принцот Чарлс, го изневерил и дека се чувствувал заробен.

Минатиот четврток, запрашан за коментар на наводите во интервјуто, принцот Вилијам рече дека сè уште не разговарал со својот брат, но имал намера да го стори тоа. „Ние не сме расистичко семејство“ им рече тој на новинарите.

Гејли Кинг, водителка на утринска програма на „Си-би-ес“, рече дека разговарала со Хари и Меган изминтиот викенд и дека браќата стапиле во контакт.

„Вистина е, Хари разговараше со брат му и тој потоа разговарал и со нивниот татко. Ми беше кажано дека разговорите не биле продуктивни, но тие се задоволни што барем започнаа да разговараат еден со друг“, рече таа.

Вилијамовата канцеларија во палатата Кенсингтон немаше коментар за изјавата на Кинг.

Интервјуто на Хари и Меган ја втурна британската монархија во најголемата криза од смртта на мајката на Вилијам и Хари, принцезата Дајана, во 1997 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Австралија: И „Амазон твич“ забранет за лица под 16 години, „Пинтерест“ ја избегна забраната

Мексиканката Фатима Бош е новата „Мис Универзум“

Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судниот час, што треба да правите?