Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Интерпелацијата на Филипче ќе биде уште еден дебакл на опозицијата

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

 

Поразена и фрустрирана ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го поткопува здравствениот систем – интерпелацијата на министерот за здравство, Венко Филипче, ќе биде уште еден дебакл на опозицијата, велат од СДСМ.

„Неодговорноста и деструктивноста, која го карактеризира делувањето на ВМРО-ДПМНЕ во текот на целата пандемија со коронавирусот кулминира со конструирани случаи и со барање за интерпелација на министерот за здравство Венко Филипче. Заради тесно партиски интереси ВМРО-ДПМНЕ, свесно и со умисла го поткопува здравствениот систем, му наштетува на угледот на државата и создава атмосфера на јавен линч на секој кој ќе се обиде да помогне во набавката на вакцините“, велат од партијата.

Од СДСМ велат дека до пред некој ден на ВМРО-ДПМНЕ му пречело затоа што наводно институциите биле спори во набавката на вакцини, а денес критикуваат зошто институциите прават напори да обезбедат вакцини од што е можно повеќе производители.

„Нека се одлучат што точно им пречи. Она што навистина им пречи е високиот степен на доверба на министерот Филипче и целиот здравствен систем коишто покажаа како треба да се справува во една здравствена пандемија. Очигледно сето ова е резултат на фрустрацијата што Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ не можат да го одбранат криминалот во својата партија, што правдата ги стигнува сите, па дури и оние за кои се мислеше дека се недопирливи. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на сите порази од граѓаните и од правдата ќе го додадат и дебаклот со неоснованата интерпелација за министерот за здравство“, велат од СДСМ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт