Утрински Весник
Македонија

ИЈЗ: Се зголемува бројот на нови случаи заразени со Ковид-19

Во скопските ковид-центри хоспитализирани уште 48 лица, деновиве почнува прием и на Клиниката за уво, нос и грло

За 7.3 проценти се зголемил бројот на новозаразени лица од Ковид-19 во периодот од 08 до 14 март 2021, известува Институтот за јавно здравје.

Оваа бројка додаваат од таму, произлегува по направени 22.625 тестови во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, минатата недела.

Регистрирани сe 5.456 нови позитивни случаи со Ковид-19 од 34 градови во државата со зголемување од 22,2% во однос на минатата недела, информираат од ИЈЗ.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје .

Највисока неделна инциденца од 809,6/100.000 е регистрирана во Демир Капија.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 19,4 до 27,4%, или во просек 23,9%, идентично како минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години.

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 со 19,5%, потоа следуваат лицата од 40-49 со 17,9%, па лицата од 50-59 со 16,8% и лицата од 20-29 со 12,8%.

Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 и од 10-19 години.

Пријавени биле 129 смртни случаи од 21 град, 2,3 пати повеќе во однос на минатата недела.

Во однос на возраста, 110 лицa биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50-59 години и две лица од возрасната група 40-49 години.

Од Институтот информираат дека на 17.02.2021 во државата почна вакцинацијата против Ковид-19, а заклучно со 15.03.2021 вкупно се вакцинирани 5.061 здравствени работници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни

Мицкоски: Пустец е доказ дека припадноста не се брише, дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови

Сѐ уште активен пожарот во Нерав, и АРМ ќе се вклучи во гасењето