Утрински Весник
Македонија

Со лажни ПЦР тестови сакале да ја напуштат државата

Со лажни ПЦР тестови сакале да ја напуштат државата

Три лица се обвинети за користење лажни ПЦР тетсови со кои сакале да ја напуштат државата, информираат од министерството за внатрешни работи.

Против двајца турски и еден швајцарски државјанин скопското јавно обвинителство поднесе обвинителни предлози заради- Фалсификување исправа казниво по Кривичниот законик, соопштува МВР.

Во одвоени кривично-правни настани, обвинетите го сториле делото така што на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот.

Иако воопшто не се тестирале во наведените лаборатории во Скопје и знаеле дека потврдите се лажни, тие ги прикажале сертификатите како вистински пред овластените службени лица.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ЦУК: До 11 часот сите патни правци во државава се проодни, освен планиските делови

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ денот почнуваше со скандал и криминал

Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража