Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

ЕМА: Остануваме на ставот дека придобивките од „Астразенека“ се поголеми од ризиците

ЕМА: Остануваме на ставот дека придобивките од „Астразенека“ се поголеми од ризиците
300x250 opst2

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека додека се спроведува истрагата за можните несакани ефекти на вакцината „Астразенека“, останува на ставот оти придобивките од вакцината се поголеми од ризикот од несаканите последици.

Во соопштението се вели дека ЕМА продолжува со истрагата за извештаите поврзани со наводни случаи на згрутчување на крвта кај луѓето кои ја примиле вакцината.

Се наведува дека експертите темелно ги испитуваат сите достапни податоци и клинички околности поврзани со специфичните случаи, за да утврдат дали вакцината придонела за тоа или веројатно се должи на други причини, наведе ЕМА.

Претходно, десетици земји ја стопираа вакцинацијата со „Астразенека“ поради појава на несакани ефекти по имунизацијата. Компанијата ги отфрли тврдењата дека нејзината вакцина предизвикува згрутчување на крвта.

Од Светската здравствена организација (СЗО), денеска истакнаа дека советодавниот одбор на СЗО ги анализира извештаите поврзани со вакцината на „Астразенека“, но досега нема докази дека некои здравствени инциденти биле предизвикани од вакцината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори