Утрински Весник
Свет

Русија склучи договори за производство на својата вакцина во неколку европски земји

Русија склучи договори за производство на својата вакцина во неколку европски земји

Русија соопшти дека потпишала договори за производство на вакцина „Спутник В“ против коронавирус во неколку европски земји, објави новинската агенција „Интерфакс“.

Извршниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитриев ја соопшти веста без да појасни за кои компании станува збор.

Според објавеното, досега, направени се договори со компании во Германија, Франција, Италија и Шпанија,

ЕМА сè уште одлучува за руската вакцина

Целта е да се обезбеди испорака на руските вакцини во европските земји откако ќе се добие одобрување во Европа. Сепак, Европската агенција за лекови (ЕМА) сè ја уште разгледува руска вакцина.

Италија пред една недела објави дека ќе го произведува „Спутник В“ во Ломбардија од јули наваму.

Русија вели дека вакцината е веќе одобрена во речиси 50 земји, вклучително и Унгарија, каде производството продолжува без одобрение од ЕМА. Кремљ се пожали дека процесот на одобрување на „Спутник В“ во Европа е исполитизиран.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков