Утрински Весник
Македонија

Драма во Скопје: Украле возило, па бегале и пукале кон полицијата

Затворен угостителски објект во Тетово, работел по дозволеното време

Непознати лица украле автомобил во Гази Баба, по што се дале во бегство и пукале кон полицијата која ги следела.

Сцената се одвивала вчера попладне, кога М.Т. пријавил во полицијата дека неговото возило е украдено. Полициски службеници го затекнале автомобилот во Маџари и почнале да го следат. Кога крадците ја забележале полицијата го оставиле возилото и почнале да бегаат.

„Тие не застанале на предупредување од полициските службеници, а едно од лицата испукало еден куршум кон нив, но не ги повредил. Исто така, полициски службеник испукал еден куршум во воздух“, велат од МВР.

Возилото било вратено на сопственикот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Груби останува во куќен притвор

Шилегов: Сите во државава се виновни, освен кочанските обвинители за случајот Пулс

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, меѓу нив и еден малолетник