Утрински Весник
Свет

Австрискиот координатор за вакцинација се повлече од функцијата по барање на Аншобер

Австрискиот координатор за вакцинација се повлече од функцијата по барање на Аншобер

Австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер побара повлекување на координаторот за вакцинација Клеменс Мартин Оер, поради грешки при набавката на вакцините, што тој го стори.

Аншобер призна дека неговото министерство згрешило во набавката на вакцините.

Министерот му препорача на Оер да си даде оставка бидејќи не го информирал за можностите за набавка на дополнителни дози вакцини на „Бионтек-Фајзер“, а тој тоа го прифати.

Со тоа, Аншобер реагираше на притисокот на кој беше изложен во изминатите денови, додека беше на боледување.

Тој е обвинет дека министерството се откажало од нарачување дополнителни дози на вакцини.

Поголемиот коалициски партнер, Народната партија (ОВП), побара суспензија на Оер, но Аншобер рече дека неговите грешки не биле доволни за да го смени.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд

Маск судски бара 134 милијарди долари од OpenAI и Microsoft

Стив Банон, поранешен стратег во Белата куќа: Канада е следната Украина