Утрински Весник
Свет

Демонстрации во Јордан: Долу властите, не се плашиме од коронавирусот

Демонстрации во Јордан: Долу властите, не се плашиме од коронавирусот

Демонстрациите избувнаа во голем број градови во Јордан во врска со ограничувачките мерки воведени заради спречување на ширењето на коронавирусот, еден ден откако државната болница остана без кислород, при што починаа најмалку шест пациенти заболени од коронавирус.

Стотици луѓе излегоа на улиците во знак на протест против полицискиот час воведен во градот Ирбид и во неколку други градови, вклучувајќи ги предградијата на Аман и градот Салт. Демонстрантите се собраа во градовите Карак и Акаба на југот на Јордан.

„Долу властите, не се плашиме од коронавирусот“, извикуваа стотици млади луѓе во Ирбид, незадоволни од скандалот во болницата и продолжувањето на полицискиот час воведен поради зголемениот број на заразени лица.

Економијата на Јордан е потешко погодена од блокадите воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, а стапката на невработеност се искачи на рекордни 24 проценти. Демонстрантите ги обвинуваат властите за влошената економска состојба и бараат крај на драконските мерки воведени минатата година, на почетокот на пандемијата.

Јорданскиот премиер Бишер ал-Хасавне го отпушти министерот за здравство и изјави дека ја презема целата одговорност за смртните случаи предизвикани од недостиг на кислород.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Братот на шпанскиот премиер осуден за непотизам – девет години не смее да добие  јавна функција

Агент на американската имиграциска служба застрела маж во Мејн, случајот предизвика нови критики кон Агенцијата

(Видео) Русија фрли бомба од три тона врз украински град