Утрински Весник
Македонија

Зголемен број пациенти со коронавирус, повторно отворени ковид – центрите на клиниките во Скопје

Зголемен број пациенти со коронавирус, повторно отворени ковид – центрите на клиниките во Скопје

Во болниците во Македонија се лекуваат 1.040 болни од коронавирус и има околу 370 празни болнички кревети,  соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава, без Скопје, е пријавено дека се лекуваат вкупно 604 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје, пак, е хоспитализиран 31 нов пациент поради компликации од коронавирусот, а вкупниот број на пациенти во главниот град е 436.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и работат ковид – центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти кои се лекувале во ковид – центрите во Скопје.

Од МЗ велат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. „Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од таму.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Македонски туристи во кошмар: Автобусот од Истанбул постојано чади, сите се молат да стигнат живи