Утрински Весник
Свет

Германските лекари бараат враќање на острите мерки поради третиот бран на пандемијата

Германските лекари бараат враќање на острите мерки поради третиот бран на пандемијата

Германското здружение на лекари од интензивна нега побара враќање на остри мерки за спречување на третиот бран на пандемијата на коронавирусот.

„Врз основа на податоците што ги имаме и поради проширувањето на британската варијанта, ние сме за враќање на мерките за спречување на силен трет бран“, изјави за германското јавно радио РББ, Кристијан Карагијанидис, директор на Здружението на лекари од интензивна нега.

Доколку владата и регионите не ги вратат острите мерки веднаш, бројот на пациенти на интензивна нега, моментално 2.800, може брзо да се зголеми на 5.000 или 6.000 ако му дадеме шанса на вирусот да се шири“, предупреди тој.

„Нема што да добиеме ако ги оставиме отворени следните две недели, бидејќи многу брзо ќе достигнеме високо ниво и на тоа високо ниво ќе биде двојно потешко да ги намалиме бројките“, додаде лекарот.

Германските здравствени власти веќе неколку дена предупредуваат на последиците од третиот бран на коронавирусот поврзани со ширењето на британската варијанта.

Институтот „Роберт Кох“ во саботата предупреди дека треба да се очекуваат повеќе случаи во првата недела од април отколку за Божиќ.

Директорот на тој институт, Лотар Вилер, во четвртокот оцени дека третиот бран започна во Германија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина