Утрински Весник
Македонија

Во верижен судир во Скопје повредени четири лица

Шестмина повредени, меѓу кои и четиригодишно дете, на патот Штип-Скопје

На улицата „Џон Кенеди“ во Скопје синоќа во 21.25 часот се случила верижна сообраќајка помеѓу три патнички возила и едно возило кое било паркирано. При тоа во незгодата повредени се четири лица информираат од МВР.

Во несреќата учествувале патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Љ.(67) од Скопје, патничко моторно возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(20) од Скопје, патничко моторно возило „Шкода Фабиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(29) од Скопје и паркирано патничко моторно возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Е.М.(47) од Скопје, информираат од министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото “Шкода Фабиа“ С.Ч.(61), а со телесни повреди се здобиле Р.И., сопатникот од истото возило Б.Т.(21) од Скопје и В.Ч.

Повредите биле констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Д-р Трајановски: Жителите на Аеродром бараат повеќе паркинзи, зелени површини и подобра хигиена

Нема вода во детската болница Козле, хоспитализираните деца ќе се префрлаат на други клиники

Коцевски договори британска помош за јакнење на обвинителствата и борба против организиран криминал