Утрински Весник
Македонија

Османи: Информацијата за одржување на пописот и неговата важност мора да стигне до секој

Османи: Информацијата за одржување на пописот и неговата важност мора да стигне до секој

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека нема информација за потенцијален бојкот на пописот од македонската дијаспора.

„ Во оваа фаза е најважно сите да работиме, секој преку своето влијание да стигне информацијата до нашите граѓани“, вели Османи.

Тој сепак не ја исклучува можноста за бојкот од некои иселеници.

„ Веројатно постојат повеќе причини за степенот на заинтересираност на нашата популација, не би оценил дали е тој слаб или голем“, вели Османи.

Според податоците, засега Канада и Австралија имаат послаб одзив на попишување.

„ Не можам да прејудицирам дали има некои други причини кои може да бидат основа за таквиот одзив“, вели Османи.

Тој порачува дека сега целата енергија треба да биде во функција да стигне информацијата до граѓаните дека има попис.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СТУДЕН БРАН ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА: Температурите нагло паѓаат, снег на планините и силен ветер до 60 км/ч!

Отворена подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа Крива Паланка во Општина Ранковце

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!