Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Арсенал го победи Тотенхем – Едегард и Лаказет ја поништија „Рабоната“ на Ламела

Арсенал го победи Тотенхем  – Едегард и Лаказет ја поништија „Рабоната“ на Ламела
300x250 opst2

Дербито на северен Лондон, кое се одигра вечерва во Премиер лигата, им припадна на фудбалерите на Арсенал. „Топџиите“, со пресврт го победија Тотенхем со 2:1 (1:1). Трагичар на натпреварот е Ерик Ламела, кој постигна спектакуларен гол во првиот дел, а во второто полувреме беше иклучен. ТМенаџерот на Арсенал, Микел Артета, прв пат во кариерата доби натпревар против екипа која ја предводи Жозе Мурињо.

Со исклучок на првите 20 минути, Арсенал и Тотенхем одиграа одличен натпревар. Првиот дел го обележаа двете стативи кои ги погодија играчите на Арсенал, преку Смит-Роу и Седрик Соареш.

Во 33.минута го видовме најубавиот момент во досегашниот дел од сезоната. Ламела, кој во игра влезе во 19.минута, по повредата на Сон, постигна спектакуларен гол со „Рабона“.

Тотенхем сепак не успеаја да ја сочуваат предноста до крајот на полувремето. Во претпоследната минута израмни Едегард. За Норвежанецот ова е деби гол во Премиер лигата и втор на последните два натпревари, откако погоди и во четвртокот против Олимпијакос во Лига Европа.

Арсенал во 64.минута добија пенал, кој во гол го претвори Лаказет.

Во периодот од 69. до 76.минута Ламела доби два жолти картони и беше исклучен.

Последните десет минути им припаднаа на Тотенхем. И со фудбалер помалку тие извршија жесток притисок но немаа среќа. Кејн во претпоследната минута го погоди дирекот, а одбиената топка ја зафати Санчез, но од гол линијата топката во корнер ја исфрли Габриел.



> Арсенал го победи Тотенхем – Едегард и Лаказет ја поништија „Рабоната“ на Ламела <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент