Утрински Весник
Свет

(Видео) Снег го парализираше сообраќајот во делови од Хрватска

(Видео) Снег го парализираше сообраќајот во делови од Хрватска

Поради снегот што падна во Горски Котар во Хрватска, на автопатот А6 Риека-Загреб се случиле неколку сообраќајни несреќи, пренесуваат регионалните медиуми.

Поради тоа, отежнат е и тековниот сообраќај.

Снег паѓа и во Лика, а во меѓувреме и метеоролозите во Србија најавија заладување и врнежи.

На некои делови од автопатот А6, се создале колони долги и околу два километра, се наведува во медиумските извештаи.

Поради снегот и зимските услови, воведени се забрани за камиони со приколки и камиони со полуприколки, а сите други возила мора да имаат зимска опрема на патиштата во Горски Котар.

Дожд и влажни тротоари, а на некои места и поголема количина вода на шеталиштата, го забавуваат сообраќајот во Истра, хрватското крајбрежје, северозападна Хрватска и Славонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Крвав масакр во САД: Деветмина мртви, меѓу нив две мали деца и бремена жена

Медведев по апсењето во Црна Гора: Можеме да го прошириме списокот на уапсени Европејци

Силен ураган му се заканува на Мексико