Утрински Весник
Македонија

Заев со повик до дијаспората: „Секој попишан е богатство за нашата држава“

Заев со повик до дијаспората: „Секој попишан е богатство за нашата држава“

Премиерот Зоран Заев, преку објава на социјалните мрежи, денеска ги повика иселениците од дијаспора да одвојат 10 минути од своето време и преку онлајн апликацијата да се попишат.

Според него, со тоа ќе придонесат за подобра иднина и поквалитетен живот во татковината од која потекнуваат.

„Ги повикувам и сите жители кои живеат во државата да ги пренесат овие информации до своите роднини и фамилии во дијаспората, зашто секој е важен, секој попишан е богатство за нашата држава“, нагласува премиерот.

Попишувањето на нашата дијаспора е во тек и досега се попишани повеќе од 50.000 лица. Македонските државјани кои подолго…

Posted by Zoran Zaev on Недела, 14 март 2021

Како што наведува тој во објавата, попишувањето на нашата дијаспора е во тек и досега се попишани повеќе од 50.000 лица.

„Македонските државјани кои подолго од една година живеат во странство имаат можност на едноставен начин, да се самопопишат и на тој начин да се впишат во базата на нерезидентно население преку линкот https://census.stat.gov.mk/“, објаснува Заев во објавата.

Тој додава дека целта на самоопишувањето на нашите иселеници во странство во што е можно поголем број е државата да има јасна слика за бројот на лицата кои се отселиле, нивната возрасна, образовна и економска структура, од каде се иселиле и во кој период.

„Овие податоци се од исклучителна важност за анализа и изработка на стратегии, за политики за намалување на емиграциониот бран и за обезбедување силни и трајни врски меѓу македонските граѓани кои живеат во Северна Македонија и во дијаспората“, вели премиерот во објавата на „Фејсбук“.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор