Утрински Весник
Македонија

Едно починато лице а повеќе повредени во сообраќајка меѓу неколку возила

Девојка повредена со сообраќајка во која возел малолетник
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Едно лице е починато во сообраќајна незгода во која учествувале неколку возила во скопско, информираат од министерството за внатрешни работи.

Синоќа околу 21,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје- ХЕЦ Козјак се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(23) од Скопје, патничко моторно возило “форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(30) од Скопје и патничко моторно возило “фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(43) од Скопје.

На местото на несреќата починал возачот М.М. а со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото “опел корса“ Б.С.(24) од Скопје и малолетен сопатник од возилото “форд фокус“ констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Св.Наум Охридски“.

Со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ се здобила и Р.К. и сопатниците од истото возило Б.К.(31) и двајца малолетници.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Внимание возачи: Патиштата се лизгави поради ледени врнежи

Во краток рок три незгоди на Тетово–Гостивар, сообраќајот забавен

Семејството Аслани обвинува за полициска бруталност по смртта на нивното двегодишно дете