Утрински Весник
Свет

Тројца здравствени работници во Норвешка добија тромб по примена вакцина на „Астразенека“

Тројца здравствени работници во Норвешка добија тромб по примена вакцина на „Астразенека“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тројца здравствени работници во Норвешка, кои неодамна примиле вакцина против Ковид-19 на „Астразенека“, се лекуваат во болница поради згрутчување на крвта, соопштија норвешките здравствени власти.

Норвешка престана да ја користи вакцината во четвртокот, а сличен потег направи и Данска. Исланд подоцна го следеше нивниот пример.

„Не знаеме дали случаите се поврзани со вакцината од ова компанија“, рече Сигурд Хортемо од Норвешката агенција за лекови. Сите три лица се на возраст под 50 години. Европскиот регулатор на лекови „ЕМА“ ќе ги испита трите инциденти “, додаде тој.

Пред превземените чекори од Данска и Норвешка, Австрија престана да користи вакцина од компанијата „Астразенека“ додека истражуваше смртни случаи од нарушена коагулација и случај на белодробна емболија.

Сепак, од „ЕМА“ во четвртокот изјавија дека придобивките од вакцината ги надминуваат нејзините ризици и дека вакцината може да продолжи да се користи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Објавени проекции: Ако нема миграција, ЕУ би имала под 300 милиони жители во 2100 година

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични