Утрински Весник
Македонија

Одбележани 122 години од дипломирањето на Кемал Ататурк во битолската воена гимназија

Одбележани 122 години од дипломирањето на Кемал Ататурк во битолската воена гимназија

На посебна свеченост во Битола денеска се одбележа 122 годишнината од дипломирањето на основоположникот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк во битолската воена гимназија.

Битолската градоначалничка Наташа Петровска присуствуваше на свеченоста во НУ Завод и музеј Битола, на која се обрати и турскиот амбасадор во земјава, Хасан Мехмед Секизќок.

На манифестацијата присуствуваа и претседателот на Уставниот суд Сали Мурати, заменик министерот за одбрана Башким Хасани, делегација на Генералштабот на Република Турција и Генералштабот на АРМ, воени аташеа и други гости.

Како што информираат локалните власти, на свеченоста Битола била потенциран како град, посебно значаен во развојот на личноста на Мустафа Кемал Ататурк.

„Битолската воена гимназија каде што се школувал Мустафа Кемал Ататурк е образовна институција во која го започнал процесот на формирањето на својата интелектуална свест, под водство на успешните и познати педагози од тоа време“, се наведува во соопштението за настанот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор