Утрински Весник
Македонија

Директорот на скопската зоолошка: Имав покана да го следам ракометниот натпревар бидејќи сум менаџер на ракометен клуб

Директорот на скопската зоолошка: Имав покана да го следам ракометниот натпревар бидејќи сум менаџер на ракометен клуб

Директорот на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, во обраќање до јавноста, го образложува неговото присуство на ракометниот натпревар меѓу Македонија и Данска, кој се одигра во Скопје завчера.

Како што вели Галетановски, на натпреварот присуствувал на покана на македонската ракометна федерација, како дел на менаџментот на РК Спартак од Кисела Вода.

„Во текот на вчерашниот ден бев прозван од неколку лажни твитер-профили, а потоа веста за наводно прекршување на ковид-протоколите се прошири и по медиумите, по што бев повикан да дадам изјава во полициската станица Карпош. Како што изјавив таму, сакам и овде да кажам дека на ракометниот натпревар завчера присуствував како дел на менаџментот на РК Спартак од Кисела Вода, на покана на македонската ракометна федерација. Бев запишан на списокот пред салата, кој бил предаден до МВР еден ден пред натпреварот, а кога стигнав на врата, уредно бев сместен во салата според сите протоколи. Свесно и одговорно тврдам дека јас лично не прекршив ниту еден протокол и доколку обвинителството пронајде вина во некоја моја постапка, повикувам да постапи според законот“, се наведува во изјавата на Галетановски.

Присуството на неколкумина функциoнери на ракометниот натпревар Македонија-Данска предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде револтираните корисници пишуваа дека
мерката без публика на спортските настани треба да важи еднакво за сите.

Покрај Галетановски, мечот од трибините го следеа и пратеникот Дарко Каевски, градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски и директорот на затворот во Шутка, Филип Андонов.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!