Утрински Весник
Македонија

Синоќа два силни земјотреса со епицентар во мавровскиот регион

Синоќа два силни земјотреса со епицентар во мавровскиот регион

Два силни потреса, со јачина од 4,7 и 4,4 степени по Рихтер вечерва го погодија гостиварско-мавровскиот регион, а земјотресите беа почувствувани во Скопје и во повеќе градови во западниот дел од земјата.

Според сведоштвата на луѓе кои живеат во областите блиску до епицентарот, вечерашните земјотреси ги вознемириле
граѓаните, а голем број туристи планираат да го напуштат Маврово поради страв од нови потреси.

Европско-медитеранскиот сезимолошки центар бележи дека потресите биле на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар на 18 километри југозападно од Гостивар.

Првиот потрес се случил синоќа во 22 часот и 17 минути, а вториот земјотрес во 22:28, а и двата биле во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.

Претходно, телеметриската сеизмолошка мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера во 20 часот и 40 минути, регистрираше послаб земјотрес од три степени, во истото епицентрално подрачје.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра

Сиљановска-Давкова до жените во технологијата: „Ако можев јас да станам претседателка, може и секоја од вас“

Регионот копа бакар, во Македонија „Иловица-Штука“ останува блокирана