Утрински Весник
Спорт

Валенсија го „стопираше“ Фенер, Ефес продолжи со доминацијата

Валенсија го „стопираше“ Фенер, Ефес продолжи со доминацијата

Валенсија стигна до важна победа во борбата за место во плејофот во Евролигата, стопирајќи го нападот на Фенербахче за 66:52 победа. Ова е најнизок број на поени кој тимот на Игор Кокошков ги има постигнато оваа сезона.

Сем ван Росом ги предводеше Валенсија со 17 поени и 5 скока, Мајк Тоби доаде 12 поени, а клучна за игра беше последната четвртина која ја добија со 21:13. Јан Весели со 15 и Нандо де Коло со 14 беа единствени кошаркари на Фенер со двоцифрен број на поени.

Додека Фенер има пад на формата, нивните турски ривали Анадолу Ефес продолжуваат со убедливите победи, кои сега се бројата седум во низа, откако со 89:62 го совладаа Жалгирис.

Шејн Ларкин имаше 18 поени, Василије Мициќ додаде 17 поени, а по 12 постигнаа Санли, Бобоа и Симон. Со овој пораз, литванскиот клуб паѓа под зоната за плејоф со 15-14 скор.

ЕВРОЛИГА, 29.КОЛО

Анадолу Ефес – Жалгирис 89:62 (26:12, 23:16, 27:20, 13:14)

Басконија – Баерн Минхен 78:71 (17:15, 16:18, 27:12, 18:26)

Олимпијакос – Зенит Санкт Петерсбург 75:61 (15:28, 15:13, 24:15, 21:5)

Валенсија – Фенербахче 66:55 (18:10, 19:18, 8:11, 21:16)

> Валенсија го „стопираше“ Фенер, Ефес продолжи со доминацијата <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите

Навивач на Партизан го нападна тренерот на Олимпијакос

Македонските ракометарки поразени од Шведска на стартот на Европското првенство