Утрински Весник
Свет

Белата куќа потврди: Ние ги чуваме резервите на „Астразенека“ за Американците

Белата куќа потврди: Ние ги чуваме резервите на „Астразенека“ за Американците

Соединетите Американски Држави чуваат залиха на дози од вакцината „Астразенека“, така што вакцината може брзо да им се дистрибуира на Американците веднаш штом добијат одобрение од американскиот медицински регулатор, изјави висок претставник на Белата куќа, пишуваат американските агенции.

„Астразенека“ произведе дози од својата вакцина во САД кои допрва треба да бидат одобрени. Вакцината, изработена во соработка со Оксфорд, е одобрена за употреба во Европската унија и голем број земји, анализираат медиумите.

Американски официјални лица и кажаа на ЕУ да не очекува наскоро испорака на вакцини од САД, објави Ројтерс.

„Имаме мали залихи на „ Астразенека “, па ако биде одобрена, можеме да ги дистрибуираме вакцините на Американците“, изјави денеска координаторот на Белата куќа за борба против Ковид-19 .

Медиумите во оваа земја неделава објавија дека десетици милиони дози вакцина „Астразенека“ се веќе произведени во САД и се наоѓаат во производствени капацитети.

Американскиот претседател Џо Бајден во средата рече дека администрацијата прво ќе дистрибуира вакцини за коронавирус на Американците, но ќе го сподели целиот вишок со светот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња