СДСМ поддржува пратеници да бидат лица кои имаат единствено македонско државјанство, но тоа да важи и за пратениците од актуелниот пратенички состав, велат од владејачката партија по денешниот предлог кој на оваа тема го упати пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„Предлагаме и пратеници да не може да бидат лица кои се осудувани за кражби во други држави, како на пример лицето Антонијо Милошоски, односно лица кои со своите незаконски дела го нарушуват имиџот на земјата“, се наведува во реакцијата на СДСМ, oд каде потсетуваат дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ бил осуден и казнет во Германија.
Предлогот за законски измени кој денеска го упати опозициската партија се случува откако бугарскиот министер за одбрана, Красмир Каракачанов, објави дека дел од пратениците и функционерите од ВМРО-ДПМНЕ наводно имале бугарски пасоши, што подоцна беше демантирано од страна на партијата.