Утрински Весник
Македонија

Уапсен тетовец во чиј дом биле пронајдени фалц банкноти во вкупна сума од 13.000 евра

Уапсен тетовец во чиј дом биле пронајдени фалц банкноти во вкупна сума од 13.000 евра

Тетовската полиција, врз основа на судска наредба, денеска (12 март) извршила претрес во домот и помошните простории на Б.Џ. (44) во тетовска Долна Лешница.

Како што информираат од МВР, при претресот биле пронајдени и одземени за вештачење околу 13 илјади евра во апоени од 50 и 20 евра, 250 швајцарски франци, 40 кувајтски динари, поради основи на сомнение дека се фалсификувани.

Покрај сомнителните банкоти, пронајдени биле и обрасци за дозволи за престој во Швајцарија, заштитни маркички за фалсификување на пари, хартија за фалсификување на пари и други документи.

44-годишникот бил уапсен и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава за кривично дело „фалсификување пари“.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Ќе те ставиме во багажникот!“ – син на поранешен началник во МВР пријавил напад кај Хиподром

Хаџи Василева порача дека обвинителите мора да бидат заштитени од надворешни влијанија

Македонија дел од голема меѓународна акција: Разбиена мрежа за интернет измами, седуммина уапсени